„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ - ЗАКОН ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ НАФТЕНИ РЕЗЕРВИ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

05.10.2022

 Со член 1 од Предлогот на законот за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви се доуредува законот, при што се предлага дополнително решение кое треба да овозможи нафтените деривати од задолжителните резерви да се стават во функција, односно да се издадат краткорочни позајмици и/или да се отстапат без надоместок одделни нафтени деривати од задолжителните резерви на одредени корисници, односно на јавни претпријатија и други правни лица и институции основани од државата што вршат соодветна енергетска дејност, за извршување на нивните активности утврдени со закон. 
Со член 2 од предложеното дополнувања на Законот, одредбите од членот 1 од овој закон ќе се применуваат до денот на пристапувањето на Република Северна Македонија во Европската унија. 
Со член 3 од Предлогот на законот се пропишува одредба за влегување во сила на законот.