„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ШУМИТЕ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

03.10.2022

 Предлогот на законот за изменување на Законот за шумите содржи 2 члена.

Во членот 1 се допрецизира одредбата кои објекти не можат да се градат во шумско подрачје како и продолжување на рокот за давање согласност од орган на државната управа и по претходно добиено мислење од Министерствто за животна средина и просторно планирање со цел за зголемување на контролата. 
Членот 2 предвидува законот да влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.
Член 1
Во Законот за шумите („Службен весник на Република Македонија“ брoj 64/2009, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14, 160/14, 33/15, 44/15, 147/15 и 39/16), членoт 46 се менува и гласи:
„(1) Во шума не можат да се градат објекти, приватни живеалишта, викендици и да се изведуваат други работи, освен оние кои се во функција на унапредување на шумите и дивечот, во согласност со планските документи во шумарството и ловството, како и објекти од јавен интерес утврдени со закон и објекти наменети за потребите на одбраната. 
(2) При изготвување на техничката документација за изградба на објекти од јавен интерес, инвеститорот е должен да поднесе барање за добивање на согласност од органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството. 
(3) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на шумарството согласноста од ставот (2) на овој член ја издава во рок од 45 дена од денот на поднесувањето на барањето по претходно добиено мислење од Министерството за животна средина и просторно планирање.
(4) За изградба на објекти во шума, на корисникот му се плаќа надоместок во висина од вредноста за пошумување на површината колку што изнесува површината на која е предвидена градба на објект, дрвната маса, изгубениот прираст и општокорисните функции. 
(5) За утврдувањето на штетите настанати со градба на објекти во шума се плаќа надоместок во висина на вредноста на утврдената штета согласно со членот 60 од овој закон.“:
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.