„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог Закон за енергетика

28.10.2024

Надлежно е Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини.

Цели на предлог регулативата:

-исполнување на обврските кои РСМ ги има преземено со потпишувањето и ратификувањето на Договорот за основање на Енергетската заедница преку транспонирање на законодавниот Пакет на Европската Унија за чиста енергија кој е адаптиран од страна на Министерскиот Совет на Енергетската заедница.

-овозможување и олеснување на интеграцијата на националниот електроенергетски систем и пазар со оние во регионот.

-зголемување на безбедноста на електроенергетскиот систем преку подобрување на процесот на планирање и координација.

-воспоставување на сеопфатен систем за оценка на сигурноста во снабдувањето, идентификацијата на кризни сценарија и донесување на планови за подготвеност за справување со ризици и управување со кризни состојби.

-воспоставување на повисоко ниво на соработка со Агенција на Европската унија за соработка на регулаторите за енергетика по однос на сите прашања од интерес за енергетскиот систем.

-поголема ефикасност и независност во изборот на претседателот и членовите на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.