„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА КОНЦЕСИИ И ЈАВНО ПРИВАТНО ПАРТНЕРСТВО, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

03.10.2022

 

Со членот 1 се врши изменување и дополнување на одредбите од членот 13, при што се врши прецизирање на членовите на Советот за јавно приватно партнерство, односно двајца претставници на ЗЕЛС, двајца претставници на Стопанските комори и двајца реномирани независни експерти. Со ваквата формулација ќе се овозможи поголема стручност и компетентност на Советот во вршење на неговата советодавна улога на Владата во областа на јавно приватно партнерство, промоција на јавно приватно партнерство, во предлагањето на проекти за јавно приватно партнерство, како и во давањето на иницијативи со предлози за измени на прописите од областа. 
Со членот 2 предвидува законот да влезе во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“.