„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
09.01.2023
Во член 1 од Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за пасиштата со кој се менува членот 3 став 1 од Законот се уредува поимот на пасиште, согласно моменталните состојби и услови со пасиштата, како и пропишување на обврска за корисниците на пасиштата за почитување на Законот за заштита на природата и користењето да биде во соработка со субјектите кои управуваат со заштитените подрачја, притоа почитувајќи го режимот на заштита на заштитените подрачја и плановите на управување.
Со член 2 од Предлогот на Законот со кој се интервенира во членот 7 од Законот се доуредува постапката околу давање на користење на пасиштата, како и бројот на катастарски парцели од кои може да бидат составени пасиштата.
Членот 3 од Предлогот на Законот со кој се менува членот 7-а од Законот, ја уредува постапката на објавување на јавен оглас и содржината на одлуката за распишување на јавниот оглас, како и на јавниот оглас за давање на користење на пасиштата во државна сопственост кои претставуваат блок со природни граници со површина поголема од 50 ха и улогата на одредени субјекти во истата, составот на комисијата која ја спроведува за давање на користење на пасиштата во државна сопственост.
Во членот 4 од Предлогот на Законот се менуваат надлежностите на органите кои се дел од горнаведената постапка за давање на користење на пасишта во државна сопственост, наведени во член 7- г од важечкиот закон.
Со новиот член 7-д кој е уреден во членот 5 од предложениот закон, се уредува постапката која се спроведува по службена должност за давање на користење на пасишта во државна сопственост кои не се дадени на користење со договор, без објавување на јавен оглас. Во истиот се уредува, дека поблиските услови, големината и капацитетот на пасиштата и начинот на давање на истиот ги пропишува министерот за земјодлество, шумарство и водостопанство, а плаќањето на надоместокот е согласно важечката тарифа на Јавното претпријатие за пасишта.
Со членот 6 од Предлогот на Законот со кој се интервенира во членот членот 8 од Законот се предвидува договорот за користење на пасиште да се склучува на 20 години наместо на 10 како што е во постоечкиот закон како и можност за склучување на нов договор за користење на пасиштата со непосредна спогодба по претходно позитивно мислење од Државното правобранителство на Република Северна Македонија и претходна согласност на Владата на Република Северна Македонија за субјектите кои користат пасишта во државна сопственост, а на кои им е истечен договорот за користење на пасишта.
Со членот 7 од Предлогот на Законот со кој се интервенира во членот 9-а од Законот се уредуваа примената на агротехнички мерки за зголемување на квалитетот на пасиштата.
Со членот 8 од Предлогот на Законот со кој се интервенира во членот 10 од Законот се уредува можноста за изградба на пасиштата објекти за примарна обработка на земјоделски производи наменети за одгледување на добиток, за преработка на сточарски производи и за ветеринарно здравство.
Со членот 9 од Предлогот на Законот се уредува рокот за донесување на подзаконскиот акт од членот 5 од овој закон со кој се додава нов член 7-д став 13.
Со членот 10 од Предлогот на Законот се уредува влегувањето во сила на Законот