„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
30.09.2022
Според Известувањето на Министерството за економија, од суштинско значење е да се направи усогласување на Законот за енергетска ефикасност со Законот за енергетика.
Со предложените измени и дополнувања се врши промена на правниот субјект кој е одговорен за администрирање на гаранциите за потекло на електричната енергија произведена од високо ефикасни постројки (ГПВЕКП) и водење на регистарот на издадени, пренесени и одземени ГПВЕКП, при што надлежностите од Агенцијата за енергетика надлежен се пренесуваат на МЕМО ДООЕЛ Скопје. Во постапката за признавање, поништување, односно укинување на гаранциите за потекло ќе се применуваат одредбите од Законот за општа управна постапка.
Со предложените измени и дополнувања ќе се овозможи и комисијата за спроведување на испитот за енергетски контролори на големите трговци и комисијата за спроведување на испитот за енергетски контролори на згради да можат да остваруваат надоместок за извршената работа со цел стимулација за одговорно и ефикасно извршување на задачата. Дополнително експлицитно се предвидува дека надоместокот за полагање на испитите за енергетски контроли претставуваат приходи на Министерството за економија.
Понатаму, се прават законски измени во поглед на продолжување на роковите во членовите 58 од Законот за енергетска ефикасност, со цел да не настане правен вакум кога овластените енергетски контролори и лиценцирани правни лица за вршење на енергетски контроли нема да поседуваат овластување односно лиценца, како препознаен правен акт во правниот промет за вршење на енергетски контроли во зградите. Од тие причини се предлага рокот на издадените овластување за вршење на енергетска контрола и издадените лиценци за вршење на енергетска контрола да се продолжи до 31 март 2024 година, имајќи предвид дека по донесување на пакетот подзаконски акти во оваа област, потребно е да следат низа активности, односно лицата кои веќе поседуваат овластување да посетат обука за усовршување и да стекнат овластување за вршење на енергетска контрола според новиот закон. Едновремено по донесување на Програмата за обука и усовршување на енергетски контролори на згради ќе отпочне во целост да функционира Законот за енергетска ефикасност во делот на зградите, во согласност со барањата од Директивата за енергетски карактеристики на згради.
Целосниот текст на Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за енергетска ефикасност е достапен овој линк.