„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
23.09.2022
Целта на оваа измена на Законот за јавните претпријатија е да се овозможи разумен рок за исполнување на законската обврска на Јавните претпријатија кои се должни да доставуваат до основачот тримесечни извештаи кои содржат показатели за финансиското работење, и наместо досегашниот рок од 20 дена по истекот на тромесечието, истиот да го достават најдоцна 35 дена по истекот на тромесечието. Воедно заради усогласување на роковите и објавувањето на усвоените тримесечни извештаи на веб страницата на претпријатието да биде најдоцна 35 дена по истекот на тримесечјето, наместо досегашните 30 дена, како би можело истото да биде на увид на сите заинтересирани страни и пошироката јавност поради негова транспарентност.