„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

ПРЕДЛОГ - ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА УГОСТИТЕЛСКАТА ДЕЈНОСТ, ПО СКРАТЕНА ПОСТАПКА

23.05.2022

 Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност содржи 8 члена.

Со членовите 1 и 7 се уредува дека начинот на водење на регистарот од страна на градоначалникот на општината, а во градот Скопје регистарот што го води градоначалникот на општината на подрачјето на градот Скопје треба да се уреди со правилник кој го пропишува министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за работите од областа на угостителството, како и преодна одредба за донесување на истиот со рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на законот .
Со членот 2 се допрецизира точката 2 од членот 18 со која во комплементарните сместувачки објекти, покрај ноќевалишта, гостилници, кампови, приватни сместувачки капацитети (соби, апартмани, станови, куќи), одморалишта (за деца, младинци, работници, лица со попреченост и слично), други комплементарни објекти (феријални домови, планинарски и ловни домови и куќи, објекти за привремено сместување и слично) спаѓаат и хостелите.
Со членот 3 покрај куќите, становите и собите за издавање од страна на физичките лица и селските домаќинства со предложениот член и хостелите задолжително се категоризираат според условите и стандардите пропишани за одделни видови на овие објекти во поглед на уредувањето, опремувањето и квалитетот на услугите со ѕвездички.
Со членовите 4 и 5 под условите утврдени со законот како и со други прописи, се уредува давањето на угостителски услуги покрај во куќи, апартмани и соби за одмор и во хостели.
Со новата точка 3 се уредува дека на еден објект под заеднички покрив може да се издадат одобренија за вршење на угостителска дејност на повеќе физички лица, при што едно исто физичко лице може меѓу другото да дава и услуги на појадок само за корисниците на собите.
Имено во членот 67-а како прекршок по кој се изрекува глоба во точката 6 за физичко лице е предвиден непостоечка одредба од законот кој во постојниот закон го нема, па со вметнување на новата точка во членот 46 ќе се постигне целта на формулираната одредба во законот.
Со членот 6 се допрецизира одредбата во делот на издавање на сметка од страна на физичко лице на гостин во која мора да има назначен вид, количина и цена на дадените услуги (за секоја дадена услуга одделно), а при давање услуги за сместување да се наведе во сметката и износот на цената за престој.
Со членот 8 се уредува влегувањето во сила на законот.