„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за дополнување на Законот за катастар на недвижности, по скратена постапка

18.07.2024

Предлагачи се група пратеници.

Цели, начела и основни решенија:

Целта на Предлог-Законот е подобрување на одредбите од законот со цел изнаоѓање на конкретни и практични решенија во услови кога Владата на Република Северна Македонија носи одлука за стекнување на право на сопственост на недвижен имот согласно закон, а која одлука заради прибелешките кои се запишани во имотниот лист претставуваат пречка за запишување на недвижнот имот согласно одлуката. Законот се заснова на истите начела на кои се заснова и Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија бр. 55/13“), а тоа се: 1. Законитост 2. Стручност 3. Ефикасност 4. Транспарентност 5. Сервисна ориентација 6. Професионалност 7. Одговорност.