„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Во Групацијата на производителите на свинско месо, членуваат правни лица - претпријатија кои се занимаваат со организиран начин на размножување и производство на прасиња и индивидуални производители на свинско месо:
Основни задачи на Групацијата се:
-претставување и застапување на интересите на членките пред надлежните институции и органи;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов и зголемување на нивната соработка;
- согледување на можноста за заеднички пласман на произведените количини свинско месо;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно целосно прилагодување прилагодување.
Претседател на Групацијата е Ефтим Шаклев-СВИЊАРСКА ФАРМА ШТИП, Штип
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
АКТУЕЛНИ СОСТОЈБИ ВО СВИЊАРСТВОТО
Во периодот 2008-2018, просекот на популацијата на свињи беше 180 илјади грла. Според статистичките податоци, бројот на свињи во Македонија укажува на намалување (особено забележително во приватниот сектор), главно заради високата цена на добиточната храна, највисоката трошковна компонента при одгледувањето. Во последната година структурата на стадата на свињи беше составена од прасиња (31.5%), товни прасиња (47.2%), маторици и назимки (15.9%), нерези (1.3%) и други (4.1%).
Претпријатијата кои се занимаваат со организиран начин на размножување и производство на прасиња (затворен круг, вештачко осеменување, и т.н.), се сопственици на околу 40% од вкупниот број на свињи во земјата, додека останатите 60% од свињите се во сопственост на индивидуалните производители (низок интензитет на размножување и селекција, со околу 1-3 маторици и стадо со вкупно 15-20 грла). Од статистиката може да се процени дека значителен број товеници на индивидуалните фарми не се заклани во регистрирани кланици, туку се продадени на приватни потрошувачи или употребени за потребите на домаќинствата.
Најчести раси се Ландрас (белгиски, дански, шведски и германски), како и големите Јоркшир и Дурок. Внесот на новиот генетски материјал е направен само со увоз на нерези, со цел да се избегне парење во сродство и да се зголеми просекот на производствените резултати.
Во периодот 2008-2018, просечното годишно производство на свинско месо е 9.37 илјади тони. Товни прасиња се колат со околу 100 кг жива мера. Проценето е дека околу 90% од домашните потреби за сурово свинско месо се покриени со домашното производство, но македонската месна индустрија за своите потреби целосно увезува замрзнато свинско месо. Главните пазари од кои се увезува свинското месо се ЕУ (62%), Бразил (11%) и Полска (4%). Увезените производи од свинско месо (шунка, колбаси и сланина) се релативно поевтини и покрај царинските трошоци за увоз.
Целта на сегашните мерки на политиката во свинската индустрија е подобрување на расната структура во македонските стада на свињи преку обезбедување поддршка на високо квалитетно вкрстување со призната генетика и контролирање на податоци за производство на високо квалитетни животни. Поддршката се намалувала во последните години.
⮞ Перо Колевски, АГРИА-АГРОИНДУСТРИСКА ГРУПАЦИЈА, Велес
⮞ Ристо Михајлов, Серта компани, Скопје
БАРАЊЕ ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ВО ВРСКА СО БОЛЕСТА АФРИКАНСКАТА ЧУМА
Во врска со распрастранувањето на вирусното заболување на свињите познато како Африканска свинска чума на територија на Руската Федерација, истото постепено се проширува за краток период на северозапад до Балтичките земји, и преку северот постојат реални стравувања дека истот ќе ги премине границите на Полска и Германија (според ветреинарните експерти а базирано на вирулентноста и отпорноста на овој тип вирус).
Во Ростовскиот регион во Русија лабораториски е дијагностицирана болеста со изолирање на вирусот од угинатите и заболените грла поради што на сила е карантин на фармите а стопирана е и трговијата со месо и преработки од месо како и секаков друг вид на увоз/извоз и промет на растителни и животински производи.
Исто така потврдено е постоењето на уште еден вариетет распространет од Украина во Романија (најверојатно и Бугарија )како и во Австрија. Актуелна е забрана за увоз на живи свињи а на туристите не им се дозволува пренесување на свињи и производи од свинско месо.
За жал постојат и други начини за експанзија и пренесување на вирусот поврзани со движење на туристи, автомобили како и тешки товарни возила кои доаѓаат од Русија или Украина
Германските ветеринарни служби ги повикуваат соодветните институции во другите земји да не дозволат увоз на живи свињи и преработки од свинско месо како и да се следи движењето на дивите свињи кои транзитираат и може да ја прошират оваа опасна болест.
Во земјите кои се сметаат за лидери во свињарството и кои претставуваат големи извозници на живи свињи и производи од свинско месо како Данска, Холандија и Германија, експанзија на болеста би имала несогледиви последици.
Од овие причини, компаниите производители на свинско месо во Република Македонија баран информација одд Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како и од Агенцијата за храна и ветеринарство за преземање на конкретни активности во насока на елиминирање можноста за појава на Африканска свинска чума во нашата држава а со цел да се заштитат, како фармерите така и консументите на свинско месо во државата.
ПРЕДЛОЗИ ЗА ИСКОРИСТУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА ОД ИПАРД ПРОГРАМАТА
На состанокот на Групацијата за производство на свинско месо на кој се расправаше за искористување на средствата од ИПАРД програмата, претставниците на фирмите ги доставија следните предлози со кои, сметаат тие, ќе се надминат проблемите во оваа стопанска дејност и ќе се подобри искористенорта на средствата.
- Вкупниот финансиски износ искористување на средствата од ипард програмата по фарма да биде најмалку 1.500.000 ЕUR со вклучена екологија ;
- Во најкраток можен рок да се извршат корекции во ИПАРД - Програмата за поголемите фарми и да се преформулира “од 400 мајки на 1400 мајки” ( во прилог и мислење од Проф. Владо Вуковиќ):
- Проектите кои што се веќе реализирани да бидат исплатени што побрзо , додека за оние кои не се завршени да се дозволат нови проекти во истите фарми само по основ на екологија како истата не би била пречка за исплата, а воедно да не се дозволи ЕКОЛОГИЈАТА компаниите да ја решаваат со сопствени средства без учество на ИПАРД.
- Повразаноста со еколошките дозволи да не биде услов за кофинансирање на средствата , туку за решавањето на екологијата да се издвои посебна мерка во ИПАРД која не е во склоп на 10115.
- За компаниите кои имаат под исто правно лице свињарска фарма и кланичен капацитет, средствата мора да се удвојат бидејки са работи за правно лице со повеќе дејности.
Компаниите ја изразија својата спремност за уште еден состанок со цел да се појаснат сите недоразбирања