„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација на производители на заштитни врати

Групација на производители на заштитни врати е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и делуваат во областа на производството на разни типови на заштитни врати.

Во Групацијата членуваат околу 20 мали и средни правни лица, репрезенти на производители на заштитни врати како што се ПП врати, врати за склоништа, врати за заштита од бучава, противчадни, ренгенски врати и друг типови на врати, каси и сефови.

Групацијата ќе презема активности за унапредување на работењето и решавање на тековните проблеми во дејноста, усогласување на пројавените спротивности и различни интереси, покренување иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти, иницирање и остварување соработка со други здруженија и стручни асоцијации, како и за остварување меѓународна соработка и имплементацијата на европските правила и стандарди и други.

Групацијата има Управен одбор од 7 членови.

За претседател на Управниот одбор на Групацијата во наредниот двогодишен мандат се избра г-дин Марјан Јовевски од Златна рака-М од Скопје, а за заменик претседател на Управниот одбор на Групацијата во наредниот две годишен мандат се избраа г-ѓа Лилјана Стојановска од СЕФ од Скопје


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Групација на производители на заштитни врати при Стопанската комора на Северна Македонијаги претставува и застапува интересите на производителите на заштитни врати и во неа членуваат околу 20 фирми - мали и средни производители на заштитни врати како што се ПП врати, врати за склоништа, врати за заштита од бучава, противчадни, ренгенски врати и други типови на врати, каси и сефови.

Формирањето на Групацијата произлезе од потребата за заедничко разрешување на тековните проблеми, предлагање на мерки од заеднички интерес, давање на мислења и предлози по законски регулативи, соработка со надлежни органи, институции и организации, како и постапување по други прашања од заднички интерес.

Производството на сите видови на заштитни врати на годишно ниво изнесува околку 120 тона, односно 500 заштитни врати од кои најголемиот дел се пласираат на домашен пазар и околу 500 армирани каси и сефови.

Основен проблем со кои се соочуваат производителите на безбедносни врати во државата е нелојалната конкуренција од увоз на вакви производи, за кои не постои сигурност за нивниот квалитет и безбедност. Имено, во земјата не постои овластена и акредитирана лабораторија и тела за оценка на сообразноста (за означување на ЦЕ ознаки согласно Законот за безбедност на производите) во која би се проверил квалитетот на увезените производи.

Сознанијата во Групацијата се дека ваквата состојба доведува до увоз на заштитни врати со низок квалитет.

За да се надмине ваквата состојба, а имајќи ги предвид несаканите последици кои можат да ги предизвикаат заштитните врати со неадекватен или низок квалитет, Групацијата ја истакнува потребата од донесување на правна регулатива со која ќе се обезбеди зајакната контролира на квалитетот во нивното производство и увоз. 

Донесувањето и подобрувањето на правната регулатива е од интерес и на производителите на опремата, а и на самата држава: производителите ќе се заштитат од нелојалната конкуренција, додека интересот на државата е намалување на последиците од пожари и други несакани последици.

Во реализација на овие инцијативи, една од позначајните активности на Групацијата ќе биде соработката со организацијата на потрошувачи преку којаќе се информираат потрошувачите за значењето за квалитетот на заштитните врати.

⮞ Марјан Јовевски, Претседател, ЗЛАТНА РАКА -М, Скопје

⮞ Ѓорги Стојановски, МЕТАЛТЕХНА, Скопје

ИНИЦИЈАТИВА за зајакната контрола при увоз на заштитни врати
Со цел надминување на присутната состојба со нелојална конкуренција на домашното производство од увоз на заштитни врати со недоволен квалитет и безбедонст Групацијата на производители на заштитни врати предлага зајакната царинска контрола при увозот на заштитни врати од аспект на нивниот квалитет.  (Повеќе)

ИЗВЕШТАЈ oд состанокот на Групацијата на производители на заштитни врати одржана на 08.06.2011 година во Стопанска комора на Македонија
Претседателот на Групацијата г-дин Марјан Јовевски ги запозна присутните за реализираните активности кои се реализираа согласно донесените заклучоци од претходните седници на Групацијата по однос на покренатата иницијатива за зајакната контрола при увоз на заштитни врати Информира за одржаната прес конференција одржана во Стопанската комора на Македонија, учество на три национални телевизии и сл.  (Повеќе)

ЗАПИСНИК од седницата на Групацијата на производители на заштитни врати одржана на 04.02.2011 година во Стопанска комора на Македонија  (Повеќе)

ИЗВЕШТАЈ oд состанокот од контитутивната седницата на Групацијата на производители на заштитни врати одржана на 28.01.2011 година во Стопанска комора на Македонија  (Повеќе)


Контакт лице: Сашка Велков
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 2 3244054
Е-адреса: sashka@mchamber.mk