„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација на производители на грозје и вино

Во Групацијата на производители на грозје и вино членуваат правни лица чија основна дејност е фокусирана на производство на вино и откуп на грозје.

Основни задачи на Групацијата се:

- претставување и застапување на интересите пред надлежните органи;
- поврзување со сродни компании од земјите во регионов;
- согледување на можноста за заедничка набавка на суровини и репроматеријали и пласман на производството; - заеднички настап на саеми и бизнис форуми;
- следење на ЕУ регулатилите и нивно прилагодување.

Претседател на Групацијата е Јани Ќука-СКОВИН, Скопје


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

ПРОИЗВОДСТВО НА ГРОЗЈЕ И ВИНО ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Грозјето е традиционална и важна култура за Македонија. Во производствените области тоа претставува култура која го ангажира руралното население и е важна за производство на вино кое има големо извозно трговско значење. Лозарството веројатно е најважната и стратешка индустрија во областа на растителносто производство, бидејќи заедно со производството на вино придонесува со околу 17%-20% од земјоделскиот БДП. Виното е на првото место во извозот на пијалоци, и е вториот најважен производ после тутунот во однос на извозната вредност на земјоделските производи.

Во Република Македонија постојат три региони во кои се одгледува винова лоза, поделени во 16 под-региони (Виногорје). Главното производство е во Вардарската долина (централен регион-Повардарие) кое изнесува околу 83% од производството, потоа Пелагониско-Полошкиот регион (западниот регион кој опфаќа 13% од производството) и Пчињско-Осоговски регион (источниот регион кој опфаќа околу 4%). Под-регионите се карактеризираат со посебни производни услови кои ја одредуваат структурата на сортите на виновата лоза. Во последните 15 години, постои нееднакво подигање на нови лозови насади. Во Вардарската долина, бројот на лозови насади се зголемува, додека другите региони се соочуваат со намалување.

Според МЗШВ, оваа тенденција треба да продолжи во иднина, бидејќи повторно засадување на винови насади и нови насади (главно од малостопанственички сектор) се недоволни за да го надополнат искоренувањето на старите. За време на периодот 2000-2007, беа обработувани во просек 25.9 илјади ха, од кои 70% (околу 17.9 илјади ха) беа за производство на вино, и 30% за трпезно грозје и суво грозје (околу 8 илјади ха). Во 2018 површината изнесува 20.033 или намалување за 34%.

Просечно годишно производство во предметниот период е околу 253,000 тони (од кое околу 65,000 тони или 28% е трпезно грозје) што е на исто ниво како и 2006 година. Просечните приноси во периодот кој се разгледува се 8.9 тони/ха, и во последните три години тие покажуваат растечки тренд главно како резултат на поволните климатски услови. Во изминатите години приватните производители беа доминантни производители на грозје со просечен удел во вкупното производство од 79%, додека производството на земјоделските претпријатија изнесуваше 21%

Поради поволната клима, македонското трпезно грозје е со доминантен квалитет и значителен извозен потенцијал со можно зголемување на сегашниот странски прилив. Асортиманот на сортите на трпезно грозје вклучува неколку класи од многу рани, до многу доцни сорти на трпезно грозје. Како резултат на поволните климатски услови, во некои региони каде се одгледува винова лоза, сортите на трпезно грозје имаат споредбена предност над винските сорти, но тие се недоволно застапени на поволните региони на кои се одгледува винова лоза. Постои недостаток на центри за класирање и пакување на трпезното грозје, и на ладилници (за продолжување на неговата трајност после периодот на берба). Голем дел од производството на трпезно грозје е наменето за домашниот пазар, а извозот на регионалните пазари (по неповолни цени) е ограничен. Поради проблемите кои постојат на пазарот на трпезно грозје и зголемениот интерес за извоз на вино, количината на трпезно грозје која се преработува во вино и вински нус производи е непозната.

Белото винско грозје преовладува во Република Македонија (главно од сортата Смедеревка, со околу 60% и нема голема побарувачка за него на пазарот). Црвеното грозје од сортата Вранец е присутно со приближно 20% на лозови насади. Македонските лозови насади веќе долг период страдале поради ниски инвестиции, кои резултираат со неповолна старосна структура. Над 60% од виновите насади се постари од 15 години, што е оптимална старост на лозовите насади. Од нив, околу 38% се на крајот на својот продуктивен циклус (>20 години) и треба да се искорнат/пресадат, за што се потребни значителни финансиски инвестиции. Во земјите-членки на ЕУ во кои се произведува вино, ваквите активности се одржуваат технички и економски преку ад хоц субвенции. Постоечкиот широк опсег на оддалеченост помеѓу редовите и во редовите ги попречуваат механизираните операции кои се ограничени на обработка на почвата и заштита на виновата лоза (и недоволно за ампело-технички мерки, берба, подигање на нови лозови насади, и т.н.). Тракторите и опремата претежно се технички и економски застарени. Наводнувањето во најголем број случаи не постои, придонесувајќи на тој начин кон варирање на висината на приносот. Со напредокот на развојот на виновите насади на несистематски начин (биолошките карактеристики на сортите и микроклимата не беа земени предвид), висок процент на винови насади се лоцирани во т.н зони подложни на мразеви каде често се појавува замрзнување на пупките.

Производителите на грозје се соочуваат со неколку проблеми поврзани со управувањето. Производителите на грозје не можат да добијат кредит, или да влијаат на набавката на суровини (на тој начин е намалена употребата на агро-хемиски средства), применувањето на контролата на цените на грозјето, и осигурување навремени исплати за нивните испораки, особено од страна на поголемите преработувачки капацитети. Продажбата на грозје на винарските визби генерално не е регулирана со посебно договорени предуслови или кооперативни договори (краткорочни или долгорочни) и затоа преовладува ривалство (конкуренција кај винарските визби) и нелојална конкуренција (кај одгледувачите на грозје)

ВИНО

Република Македонија е позната како , сончева, планинска земја во срцето на Балканот, но, и како производител на најдобро грозје и најдобрите вина во регионот.

Вкусот на македонското вино е препознатлив по интензивните ароми, кои се резултат , од комбинираното влијание на средоземната и континенталната клима, со топли сончеви денови и посвежи ноќи.

Енолошката историја на земјата е долга илјадници години, а Македонските винари ги спојуваат природни предности на регионот, со современата технологија

ЛОЗАРО-ВИНАРСТВО

На површина од околу 20.000 ха под винова лоза, во 2018 година беа произведени околу 253.000 тони грозје од кое околу 30.000 тони трпезно, а 200.000-220.000 тони винско грозје во кое кај црвените најзастапени се Мерло, Каберне совињон, Бургундец, Црн, Станушина Прокупец и Кадарка, а кај белите сорти: шардоне, Совињон, Рајнски ризлинг, Смедеревка, Ркацители и др.

Производството на вино во 17 регистрирани современи винарки визби со вкупен капацитет од 2.200.000 – 2.600.000 хл вино годишно се движи од 1.100.000-1.200.000 хл, а во седум визби инсталирани се линии за конфекционирење на виното со капацитет од 735 000 хл.

Во капацитетите за конфекционирање на јаки алкохолни пијалоци 180.000 хл се произведуваат 130.620 хл ракија, а расположиви се капацитети за дестилација 52 500 хл, и линии за гроздов концентрат од 3000 тони годишно.

ВИНСКА КАРТА

Квалитетните сорти на вино со заштитено географско потекло го обезбедија својот пласман во над 30 земји во светот но главно на пазарите во земјите од ЕУ, Во последниве години извозот достигна ниво од околу 850-900.000 хл од што приближно 50% е за пазарот на Европската Унија.

Значајно место во производството на пијалоци имаат производителите на пиво со производство на околу 670 000 хл годишно. освежителни безалкохолни пијалоци од околу 1.180.000 хл, минерална вода 418 000 хл, производство на природни овошни сокови од над 30.000 хл.

⮞ Јани Ќука, Претседател, СКОВИН, Скопје

⮞ , ВИНАРСКА ВИЗБА-ТИКВЕШ, Скопје

⮞ Кирил Богевски, БОВИН, Неготино

⮞ Соња Велковска, Ено-мак, Скопје

⮞ Спаска Влаховиќ, ПРОМЕС, Скопје

ИНИЦИЈАТИВА
за одземање на виното од грозје со алкохол до 18% волумен од листата на производи со забрана за малопродажба по 19:00 часот, содржана во член 24-а од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговија („Службен весник на РМ“ бр. 88/08 од 16.7.2008 година)

Во Република Македонија годишно се произведуваат 100-120 милиони литри вино, од кои 80% од производството се наменети за извоз. Виното е на прво место во однос на извозот на алкохолни пијалаци, а веднаш по тутунот во однос на извозната вредност на земјоделските производи. Производството на грозје и вино е еден од најзначајните сектори во РМ со годишен прилив од приближно 60 милиони САД долари.

Иако тенденцијата е Македонија да се декларира како винска земја, реалноста го докажува спротивното, односно консумацијата на вино по жител изнесува 7-8 литри, наспроти Словенија која приближно има ист број на лозови насади, производство на вино и жители со Република Македонија, а консумацијата на вино по жител изнесува 50 литри.

Виното не треба да се класифицира со другите алкохолни пијалаци во иста група, најмногу поради процентот на алкохол кој е неколку пати помал од оној кој е содржан во другите жестоки пијалаци. Виното не ретко се смета за храна, тоа се препорачува и во секојдневно умерено консумирање, заради подобрување на крвната слика, циркулацијата, меморијата и намалување на ризикот од срцев удар, дијабет итн.

Како една од главните причини поради која се предлага оваа Иницијатива е секако и намалувањето на продажбата на виното заради забраната за продажба на алкохолни пијалаци по 19 односно 21:00 часот и отстранување на виното од полиците на бензинските пумпи.

Промоцијата на македонското вино подразбира маркетинг-стратегии, застапеност во медиумите на ниво на нашата држава и во странство, меѓутоа помошта во промоцијата од самата држава е секогаш од огромно значење. Кога повторно би се вратило виното на полиците на бензинските пумпи, се` поголема е веројатноста дека странските државјани кои барем транзитираат низ нашата држава, ќе купат некое од македонските вина и ќе станат потенцијални консументи на истите.

Многу е поголем процентот на државите во светот кои немаат ограничување во продажбата на виното во малопродажните објекти, односно во Европската унија околу 70% од земјите немаат воведено ваква забрана. Во земјите од Балканот само Словенија има воведено забрана.

Следејќи го примерот на најголемите вински држави во Европа, каде што забрана од ваков тип и не постои, сметаме дека тоа би влијаело доста поттикнувачки за самото производство на вино, продажбата би се зголемила, а со тоа и македонското вино би станало поконкурентно на странските пазари, а интересот за виното значително би се зголемил и во однос на домашните потрошувачи.


МИСЛЕЊА И СУГЕСТИИ ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ПОДЗАКОНСКИТЕ АКТИ СОГЛАСНО НОВИОТ ЗАКОН ЗА ВИНО

Сите членови кои се однесуваат на класификација на квалитет на виното, географското потекло и одредница, винарниците,(членки на комората) сметаат дека треба да поаѓаат од следново:

“Потеклото на грозјето да биде индикатор за назначувањето на географската одредница на виното. Винификацијата да биде дозволена на кое било место на територијата на Р. Македонија, без оглед на оддалеченоста на географската локација од каде потекнува грозјето. Квалитетот на грозјето ќе влијае на одредувањето на квалитетот на виното, во комбинација со опременоста на транспортните средства за зачувување на штотуку набраното грозје и техничко –технолошката опременост на местото на винификација”.

Аргумент кон ваквото барање на ВОМ се огледува во фактот дека територијата на Р. Македонија е помала од повеќе светски познати вински региони во чии рамки се добива врвно вино. ( таков е примерот со Burgundy во Франција, понатаму познатиот Bordeaux регион, кој е воедно и најголемиот вински регион во светот. Денеска овој регион има 116.160 ха винови насади).

Друг аргумент е прогресот во технологијата и техничко – технолошката подготвеност на винарниците и на транспортните средства кои дозволуваат пристигнување на грозјето на местото на винификација задржувајќи ги органолептичките карактеристики и основните параметри за квалитет како при самото берење.

Трет аргумент, кој има сериозна позитивна импликација врз развојот на лозарството е фактот што лозарите кои имаат високо квалитетни винови насади и високо квалитетен род НЕ СЕ ограничуваат своето грозје за добра цена да може да го продадат исклучиво на винарниците во рамките на виногорјето каде се наоѓаат нивните лозови насади, туку на било која винарница во Р. Македонија која ќе им понуди најдобра цена, со оглед на фактот дека истата таа винарница без ограничувања за класификација на квалитет на виното спрема оддалеченоста од местото од каде потекнува грозјето може да произведе ВКГП.

Во рамките на одредувањето на Цената на винското грозје и сите членови од Законот за вино како и од Законот за земјоделство и рурален развој кои ја третираат цената и условите на откупување на грозјето во своите ставови, винарниците (членки на комората) сметаат и длабоко се убедени дека истата треба да биде функција на неколку променливи, а не само на една променлива – шеќерните единици.

Винарниците (членки на комората) сметаат дека следниве фактори треба да се земат в предвид при одредувањето на цената за кг грозје од одредена сорта:

- Приносот по ха за дадената сорта
- Родноста на бербата ( очекувањата за вишок или недостаток на грозје)
- Шеќерната единица
- PH вредноста
- Транспортот за зачувување на идентичен квалитет на гроздот како при берењето
- Кооперативните односи на винарницата со снабдувачот на грозје

Аргумент за ова барање е тоа што генералното објавување и фиксирање на цените не е во согласност со пазарните односи и е контра продуктивно како за винарниците, така и за самите лозари. Лозарите се ускратени да добијат подобра цена доколку се партнери на винарницата, доколку го смалиле приносот по ха, доколку имаат подобри PH параметри, итн. Тргнувајќи од целта на ВОМ, градење на бренд – вино во шише, хомогенизацијата во третманот на приносот, кооперативните односи и параметрите за здраво грозје, нe туркаат во просечност и филозофија на производтсво на наливно вино со понизок квалитет, а не сегментираност во производството на квалитетот.

Во врска со листата на препорачани и одобрени вински сорти, винариите предлагаат ревизија на истата, поткрепена со историски анализи за приносите по ха на одредена сорта, но едновремено и земање в предвид на модерните техничко-технолошки достигнувања кои може сериозно да ги менуваат историски добиените анализи/параметри.

Предлагаме заедничка анализа/студија со институциите и лозарите во овој дел.

Аргумент кон ова барање е фактот што моменталната класификација на одобрени сорти по региони сериозно ги ограничува винарските визби и лозарите во Р. Македонија да прават енолошки обиди на блендови и да вршат аналитички поткрепени студии кои за жал не постојат да се превземат како веќе изготвени.

Бидејќи им се ограничува правото на декларирање на квалитетно вино (ВКП) доколку подигнат лозов насад во одреден регион за кој не е одобрена конкретната сорта која сметаат дека може да даде интересен аутпут и им се ускратуваат субвенциите за лозовиот насад, како на лозарите, така и на винарниците.

Во врска со членовите од Законот за Вино кои ги третираат Елаборатите и Државната Дегустациона Комисија за оценување на квалитетот на виното и за кои се пропишуваат одредени минимални услови, винариите предлагаат да се прецизираат и следните елементи:

- Орган кој ќе ги верифицира добиените резултати од органолептичката класификација на секоја винарница која има сопствени услови за изведување на истото.
- Да се остави простор изборот на тело кое ќе ја има улогата на Државна Дегустациона Комисија да се базира на конкуренција меѓу повеќе институции специјализирани за тоа врз основа на пропишании услови за акредитација.
- Да се пропишат што е можно поблиски одредници на параметрите според кои Државната Дегустациона Комисија ќе го одредува квалитетот на виното.

Аргумент кон првото барање од точка 4 е фактот што сите винариите се согласни и инсистираат на што е можно подобра верификација на квалитетот на виното. Во таа насока, сметаме дека ќе биде најдобро веднаш да се заокружи процесот на верификација и да имаме и соодветно верификационо тело при валиден Закон за Вино.

Аргумент кон второто барање од точка 4, е фактот што во иднина може да имаме експерти, обучувани на високоите школи за винска дегустација во Лондон, во Париз , во Калифорнија и наш став е дека овие луѓе треба да имаат шанса да станат дел од Државната Дегустациона Комисија доколку приложат сертификати/дипломи од соодветната институција.

Аргумент кон третото барање од точка 4, е приближување на нашето тело за дегустација и верификација што е можно поблиску до постоечките и важечки методи на дегустација кои при оценувањето на едно вино секогаш приложуваат и соодветна листа со параметри за органолептика ( уста, нос, очи) но и хемиска анализа со бодување или рангирање на органолептиката со ознаките “ слабо – средно – високо”. Стоиме на располагање да доставиме предлог или пример од оценувањата на вината во светот.

Членот 30 од Закон за Вино, Членот 31 и Членот 32 од Законот за Земјоделие и Рурален Развој, сериозно навлегуваат во сферата на против Уставот на Р. Македонија ( член 55, страна 26, Устав на Р. М.) кој вели: “Се гарантира слободата на пазарот и претприемништвото......”.

Оттука, предлог на винарниците (членки на комората) е државата да дозволи сите договарања за откуп да се одвиваат во рамките на пазарните услови, притоа секогаш со потпишување на договор и со можност за создавање на партнерски односи.

Аргумент кон ова барање: Ги консултиравме сите Закони за Вино од регионот и забележавме дека апсолутно никој не навлегува во процесот на одредувањето на цената и условите на соработката. Дотолку повеќе, се алудира на оперативниот циклус во една винарница која се занимава со производтсво на бренд – вино во шише и истиот се проценува на 1,5 години од превземањето на суровината, грозјето ( Зaкон за вино на Словенија).

До 30 Април во тековната година сеуште не е преработено и продадено ни 30% од откупеното грозје, а треба да се исплати севкупно откупеното.

Во услови на немање поволна кредитна политика или пак специјализирани кредити за откуп на грозје, винарниците се туркаат кон процес на редуцуран откуп во сите наредни берби, или пак напуштање на примарната филозофија за градење на бренд од македонското вино – вино во шише и ориентација кон продажба на наливно вино заради побрзо затварање на оперативниот циклус од првичното вложување на средства во суровина до приходи од продажбата на готов производ.


Контакт лице: Васко Ристовски
оперативен директор за развој, иновации и знаење

Телефон: + 389 2 3244014
Е-адреса: vasko@mchamber.mk