„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација за противпожарна заштита

Групацијата за протипожарна заштита е стручен облик на организирање и работење во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата, преку кои членките самостојно одлучуваат и вршат работа од областа на производството и промет на противпожарна опрема, опрема за заштита и спасување, лична и заштитна опрема и услуги во делот на против пожарна заштита.

Во групацијата членуваат околу 15 правни лица репрезенти од овие дејности, како и други заинтересирани правни лица чија дејност е поврзана со оваа област.

Основни цели и задачи во работењето на Групацијата се разгледувањето прашања во врска со унапредување на работата и решавање на тековните проблеми во дејноста, претставување и промоција на интересите, усогласување на пројавените спротивности и различни интереси, усвојување заклучоци и предлагање мерки, покренување иницијативи за измени и дополнувања на законски и подзаконски акти, иницирање и остварување соработка со други здруженија и стручни асоцијации, како и меѓународна соработка и имплементација на европските правила и стандарди и други.

Групацијата има Управен одбор од 5 членови.

На пленарната седница одржана на 28.09.2015 година за нов претседател на Групацијата е избран г-дин Милан Клопчевски од Огнопревент инжињеринг од Скопје, а за потпретседател Часлав Јовановиќ одфирмата Превентива од Куманово


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Групацијата за протипожарна заштита е стручен облик на организирање во рамките на Здружението на металната и електроиндустријата.

Дејноста на компаниите кои членуваат во Групацијата е од областа на производството и промет на противпожарна опрема, опрема за заштита и спасување, лична заштитна опрема и услуги во делот на против пожарна заштита. Со донесувањето на Правилникот за задолжителна ПП опрема во возилата (Сл. весник 31/10 и Сл.весник 48/10), компаниите се најдоа во многу незавидна положба. Неговото донесување и примена доведе до сериозни последици по стопанството и дестабилизација на оваа стопанска гранка.

Со донесувањето на Правилникот за да се излезе во пресрет на граѓаните и правните лица, компаниите кои работат трговија со оваа опрема вложија неповратни средства за набавка на ПП апарати. Со овие вложени средства пресметано е дека може да се изгради една солидна фабрика за ПП апарати во која би се вработиле нови работници и би ги задоволила потребите на регионот Јужен Балкан.

Дополнителен проблем во работењето преставува и несоодветно определување на против пожарните апарати по видови и количина кај различните по големина моторни возила, односно неправилна класификација на возилата.

⮞ Милан Клопчевски,  Претседател, ОГНОПРЕВЕНТ-ИНЖЕНЕРИНГ, Скопје

⮞ Гоце Гиевски,  Заменик претседател, ПАСТОР С-9, Скопје

⮞ Гоце Динитриевски, ПАСТОР ЛУКС, Скопје

⮞ Димитар Петрески, СИГУРНОСТ - ДП, Скопје

⮞ Стефан Милков, МИСТ-СИСТЕМИ СТЕФАН, Кавадарци

Седницата на Групацијата противпожарна заштита и безбедност при работа одржaна на 23.11.2012 година во Стопанската комора на Македонија

На седницата на Групацијата противпожарна заштита и безбедност при работа одржaна на 23.11.2012 година во Стопанската комора на Македонија членките на Групацијата расправаа за иницијативи за измени и дополнување на Законот за пожарникарство и Законот за инспекциски насзор, како и за актуелните состоби во оваа дејност.  (Повеќе)

ИЗВЕШТАЈ - заклучок од состанокот-седницата на Групација за против пожарна заштита и безбедност при работа одржана на 08.03.2012 година во Стопанска комора на Македонија

Членовите на Групацијата расправајки за покренување на иницијатива за средба со преставници на Дирекцијата за заштита и спасување во врска за измени и дополнување на Правилникот за одржување на ПП апарати, како и доследна примена член 44 од Законот за пожарникарство (Сл.весник бр. 67/2004) заклучија да Групацијата писмено се обрати до дирекцијата за заштита и спасување за организирање на средба за надминување на актуелните состојби  (Повеќе)

Иницијативи кои би се разгледале на средбата со преставници на Дирекцијата за заштита и спасување

Во рамките на Групацијата за противпожарна заштита и безбедност при работа при Стопанската комора на Македонија, во изминатиот период актуелизирани се одредени прашања и проблеми сврзани со спроведувањето и неусогласеноста на законската регулатива, нелојалната конкуренција и недоволната соработка со надлежните институции и инспекциии.  (Повеќе)

ЗAПИСНИК од Конститутивната седница на Групација за против пожарна заштита и безбедност при работа одржана на 16.04.2010 година во Стопанска комора на Македонија  (Повеќе)

ЗАПИСНИК од Пленарната седница на Групација за против пожарна заштита и безбедност при работа одржана на 17.04.2013 година во Стопанска комора на Македонија  (Повеќе)

ОДЛУКА за избор на претседател,заменик претседател и членови на Управниот одбор на Групацијата за против пожарна заштита и безбедност при работа  (Повеќе)


Контакт лице: Сашка Велков
Соработник во организационата целина за претставување на членките и вмрежување во Стручната служба

Телефон: + 389 2 3244054
Е-адреса: sashka@mchamber.mk