„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Групација за производство и преработка на пластични маси е форма на организирање на фирмите кои се занимаваат со производство и преработка на палстични маси, заради ефикасно остварување на специфичните интереси од оваа дејност.
Во Групацијата членуваат фирмите од следните дејности: производство на пластични маси во примарен облик, производство на плочи, листови, цевки и профили од пластични маси, производство на амбалажа од пластични маси и на предмети за вградување од пластични маси.
Во Групацијата членуваат околу 30 фирми од споменатите дејности. Членките на Групацијата се и најбројните во рамките на Здружението на хемиската индустрија.
ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА
Обликуваните пластични маси се на второ место во структурата на извозот на хемиски производи , веднаш зад фармацевтските производи.
Индексот на индустриско производство на производи од гума и од пластични маси во три години бележи благ но континуиран пораст. Во 2018 година задржано е истото ниво на физичкиот обем на производство како и претходната година, индекс 99,7.
Во структурата на вкупното индустриско производство оваа дејност учествува со 2,35%.
Извозот на производи од гума и пластика исто така бележи пораст во послените неколку години. Имано, од реализиран извоз во вредност од 78,16 милиони САД долари во 2016 година во 2018 тој изнесува над 100 милиони американски долари. Увозот на производи од пластика и гума во 2016 година изнесува 324 милиони САД долари, од којшто голем дел е наменет за производните процеси во дел од индустријата.
Во индустријата на пластика во РМ реално остварливи се инвестициите за модернизација на постојните и инвестирање во нови технологии и опрема, и тоа во:
- реализација на проекти од областа на заштитата на човековата средина за пречистување на почвата, каталитички обвивки, производи за третман на водата и за третирање на отпадот.
- во производство и преработката на пластични маси инвестиции за згрижување и рециклирање на истите во функција на заштита на човековата околина.
⮞ Претседател, ФЕЛИКС, Куманово
⮞ Бојан Ковачевски, УНИПЛАСТ БК, Струга
⮞ Иван Голабоски, ЛИХНИДА, Охрид
Забелешки по Нацрт Правилникот за стандардите за биоразградливост кои треба да ги исполнуваат кесите за транспорт на стоки, начинот на пуштање и употреба на биоразградливите кеси за транспорт на стоки на пазар од страна на Групацијата за производство и преработка на пластични маси >>>
Подржувајќи ги во целост определбитена Владата на РМ за запазување на јавниот интерес во управувањето со отпад и заштита на животната средина и преку намалување на отпадот од пластични кеси,Групацијата, ги даде следните: