„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Вести за даноците

  • Дома
  • Вести за даноците
Данок на добивка

Даночен обврзник

- Правно лице резидент на државата кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство и
- Постојана деловна единица на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на нашата држава


Даночна стапка

- 10% на основа утврдена како разлика меѓу вкупните приходи и вкупните расходи на даночниот обврзник во износи утврдени согласно со прописите за сметководството и сметководствените стандарди, зголемена за непризнаените расходи и помалку искажаните приходи за даночни цели


Текст на закон

Закон за данокот на добивка – неофицијален пречистен текст

Данок на личен доход

Даночен обврзник

- Правно лице резидент на државата кој остварува добивка од вршење на дејност во земјата и странство и
- Постојана деловна единица на странско лице за добивката што ја остварува од вршење на дејност на територијата на нашата држава


Даночна стапка

- 10% данокот на доходот од работа, доходот од самостојна дејност, доходот од авторски и сродни права, доходот од продажба на сопствени земјоделски производи, доходот од права од индустриска сопственост, доходот од закуп и подзакуп, доходот од капитал, капиталните добивки, доходот од осигурување и друг доход
- 15% на доходот од добивките од игри на среќа


Текст на закон

Закон за данокот на личен доход – неофицијален пречистен текст

Данок на додадена вредност

Даночен обврзник

- Лице кое трајно или повремено самостојно врши стопанска дејност, независно од целите и резултатите од оваа дејност
- Обврска за задолжителна регистрација за цели на ДДВ имаат само оние даночни обврзници кои во изминатата календарска година оствариле вкупен оданочлив промет над 2.000.000 денари


Даночна стапка

Општата даночна стапка од 18% се применува врз целокупниот промет и увоз, а има и повластени даночни стапки од 10% и 5%.

Повластена даночна стапка од 5% се применува за:

- Основни производи за човечка исхрана;
- Вода за пиење од јавните системи за снабдување и одведување на урбаните отпадни води и вода за наводнување на земјоделско земјиште;
- Публикации и тоа: книги како и електронски/дигитални учебници, брошури и слични печатени материјали, весници и други периодични публикации, детски сликовници, книги како и електронски/дигитални учебници за цртање и боење за деца и картографски производи од секаков вид, освен публикации кои служат претежно за рекламни цели, како и публикации со порнографска содржина;
- Семенски и саден материјал за производство на земјоделски растенија;
- Ѓубрива;
- Средства за заштита на растенијата;
- Фолии од пластична маса за употреба во земјоделството;
- Земјоделска механизација;
- Лекови, вклучувајќи и лекови за ветеринарна медицина;
- Менструални производи;
- Машини за автоматска обработка на податоци, софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери);
- Термални сончеви системи и компоненти;
- Медицинска опрема, помагала и други уреди чијашто намена е за олеснување или третирање на инвалидност исклучиво за лична употреба од страна на инвалидни лица;
- Сурово масло за производство на храна за човечка исхрана;
- Првиот промет на станбени згради и станови во оној дел во кој истите се користат за станбени цели и кој ќе се изврши во рок до пет години по изградбата;
- Добиточна храна, адитиви за добиточна храна и жив добиток;
- Бебешки производи и тоа: креветче, количка, транспортер, релаксатор, седиште за во возило, када, хранилка, цуцла, шише и пелени за бебиња;
- Училишен прибор и тоа: училишна торба (ранец), тетратка, молив, пенкало, блок, работна тетратка, боички, линијар, шестар, пластелин, острило, гума и коректор;
- Пелети, печки на пелети и котли на пелети и
- Топлинска енергија за греење.

Повластена стапка од 5% се применува и на прометот на следните услуги:

- Превоз на лица и нивниот придружен багаж; Софтвер за машини за автоматска обработка на податоци и нивни единици (компјутери);
- Услуги на сместување (ноќевање) или сместување со појадок, полупансион или полн пансион, во сите видови на комерцијални угостителски објекти
- Услуги за одржување на јавна чистота и отпремување на отпад;
- Занаетчиски услуги (поправка на чевли, велосипеди и производи од кожа, облека, постелина за домаќинство и фризерски услуги).

Повластена даночна стапка од 10% се применува за:

- Промет и увоз на електрична енергија за домаќинствата;
- Останати производи за човечка исхтана (врз кои не се применува повластена стапка од 5%);


Текст на закон

Закон за данокот на додадена вредност – неофицијален пречистен текст

Даноци на имот

Данок на имот


Даночен обврзник

- правно и физичко лице сопственик на имотот
- правно и физичко лице корисник на имотот, во случаи кога сопственикот не е познат или не е достапен или кога користи недвижен имот вo сопственост на државата и општината
- може да биде и плодоуживателот на имотот согласно со закон
- ако имотот е во сопственост на повеќе лица, секој од нив е обврзник на данокот на имот сразмерно на сопственичкиот дел


Даночна стапка

од 0,10% до 0,20% на пазарната вредност на имотот утврдена според Методологијата за процена на пазарната вредност на недвижен имот


Данок на наследство и подарок


Даночен обврзник

- физичко и правно лице- резидент на државата кое наследува имот или кое прима имот на подарок, во земјата и во странство
- странско физичко и правно лице нерезидент за недвижниот и подвижниот имот што го наследува, односно прима на подарок на територијата на државата

Данок на наследство и подарок се плаќа на недвижен имот, како и наготови пари, парични побарувања, хартии од вредност и друг подвижен имот, ако пазарната вредност на наследството, односно договорот за подарок е повисока од износот на едногодишната просечна плата


Даночна стапка

од 2% до 3% за обврзник од втор наследен ред,
од 4% до 5% за обврзник од трет наследен ред или обврзник кој не е во сродство со оставителот


Данок на промет на недвижности


Даночен обврзник

- правно и физичко лице-продавач на недвижноста
- може да биде правно лице и физичко лице - купувач на недвижноста, доколку во договорот за купопродажба на недвижноста, е договорено данокот да го плати купувачот
- при замена на недвижности даночен обврзник е учесникот во замената кој дава во замена недвижност од поголема вредност
- ако се пренесува идеален дел на сопственост на недвижноста, даночен обврзник е секој сопственик посебно


Даночна стапка

од 2% до 4%


Текст на закон

Закон за даноците на имот – неофицијален пречистен текст

Акцизи

Акцизно добро

Износ на акциза


Акциза на алкохол и aлкохолни пијалаци

Акциза на пиво: 4,00 денари за 1% волуменски удел на чист алкохол содржан во еден литар готов производ

Акциза на литар пенливо и непенливо вино и ферментирани пијалаци : 0 денари

Акциза на меѓупроизводи:
- 33,00 денари по литар за меѓупроизводи со содржина на алкохол помал од 15% и
- 55,00 денари по литар за меѓупроизводи со содржина на алкохол од 15%-22%

Акциза за етил алкохол и питки жестоки алкохолни пијалаци 340,00 денари за литар чист алкохол, измерен на температура од 20°C


Tутунски производи

Акциза на пури:
- 21,37 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

Акциза на цигарилоси:
- 10,00 денари по парче и 9% од малопродажната цена.

Акциза на тутун за пушење како фино сецкан тутун:
- 2.300,00 денари по килограм нето - тежина и 0% од малопродажната цена.

Акциза на тутун за пушење како друг тутун за пушење и тутунот за водено луле (тутун за наргиле):
- 2.300,00 денари по килограм нето - тежина и 0% од малопродажната цена.

Акцизата на тутун за шмркање и тутун за џвакање: - 2.300,00 денари по килограм нето - тежина и 0% од малопродажната цена.

Акциза на несогорлив тутунски производ: - 4.000,00 денари по килограм нето - тежина на тутунска смеса и 0% од малопродажната цена

Акциза на течност наменета за полнење електронска цигара: - 3 денари за милилитар волумен.

*Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната и минималната акциза на цигарите од се зголемува за 0,23 денари по парче.
На 1 јануари 2024 година износот на специфичната акциза на пури се зголемува за 4,00 денари, а од 1 јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година за 2,00 денари по парче
На 1 јануари 2024 година, износот на специфичната акциза на цигарилоси се зголемува за 2,00 денари, а од 1 јануари 2025 година заклучно со 1 јануари 2030 година за 1,00 денар по парче
Oд 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната акциза за тутун за пушење како фино сецкан тутун, тутун за пушење како друг тутун за пушење, тутун за водено луле (тутун за наргиле), тутун за шмркање и тутун за џвакање се зголемува за 150,00 денари по килограм нето тежина на 1 јануари секоја година.
Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на специфичната акциза на несогорливиот тутунски производ се зголемува за 350,00 денари по килограм нето тежина на тутунска смеса на 1 јануари секоја година.
Од 1 јануари 2024 година заклучно со 1 јануари 2030 година износот на акциза на течноста наменета за полнење електронска цигара се зголемува за 0,20 денари по милилитар волумен на 1 јануари секоја година.


Енергенти и електрична енергија

Акциза на моторен бензин:
- за бензин со содржина на олово над 0,013 грама на литар и авиобензин - 25 денари за литар и
- безоловен бензин со содржина на олово до 0,013 грама на литар
- 22 денари за литар-ДНА (дополнително намалување на акциза врз основа на средна дневна берзанска цена на Prem Unl 10ppm на котација "Mediterranean cargoes FOB (Italy) од Platt`s European Marketscan)
Ако средната берзанска цена е поголема од 800 УДС/тон, но помала или еднаква на 1000 УДС/тон износот на ДНА е 1 денар за литар, ако е е поголема од 1000 УДС/тон, но помала или еднаква на 1200 УДС/тон износот на ДНА е 2 денари за литар, а ако е поголема од 1200 УДС/тон износот на ДНА е 4 денари за литар

Акциза на гасно масло:
- како погонско гориво - 15,50 денари за литар-ДНА (дополнително намалување на акциза врз оснива на средната дневна берзанска цена на 10 ppm ULSD на котација на Prem Unl 10ppm на котација "Mediterranean cargoes FOB (Italy) од Platt`s European Marketscan)
Ако средната берзанска цена е поголема од 800 УДС/тон, но помала или еднаква на 1000 УДС/тон износот на ДНА е 1 денар за литар, ако е поголема од 1000 УДС/тон, но помала или еднаква на 1200 УДС/тон износот на ДНА е 2 денари за литар, а ако е поголема од 1200 УДС/тон износот на ДНА е 4 денари за литар
- како гориво за греење – 15,5 денари за литар-ДНА (дополнително намалување на акциза врз основа на средна дневна берзанска цена
на Gasoil 0,1% на котација "Mediterranean cargoes FOB (Italy) од Platt`s European Marketscan)
Ако средната берзанска цена е поголема од 800 УДС/тон, но помала или еднаква на 1000 УДС/тон износот на ДНА е 1 денар за литар, ако е е поголема од 1000 УДС/тон, но помала или еднаква на 1200 УДС/тон износот на ДНА е 2 денари за литар, а ако е поголема од 1200 УДС/тон износот на ДНА е 4 денари за литар.

Акциза на течен нафтен гас и метан - 4,900 денари за килограм;

Акциза на керозин:
- како погонско гориво – 11,000 денари за литар и
- како гориво за греење - 2,200 денари за литар;

Акциза на масло за ложење - 0,100 денари за килограм;

Акциза на природен гас:
- како погонско гориво - нула денари за нормален кубен метар (nm³) и
- како гориво за греење - нула денари за нормален кубен метар (nm³);

Акциза на електрична енергија:
- за неделовна употреба - нула денари за (МWh) мегават час и
- за деловна употреба - нула денари за (МWh) мегават час;

Акциза на јаглен, кокс и лигнит - нула денари за (Gj) гигаџул;

Акциза на нафтен кокс - 84,6 денари за (Gj) гигаџул и

Акциза на биогоривата - нула денари за килограм.


Текст на закон

Закон за акцизите – неофицијален пречистен текст

Закон за измени и дополнувања на законот за акцизите („Службен весник на РСМ“ бр.77/21)

Закон за дополнувања на законот за акцизите („Службен весник на РСМ“ бр.57/22)

Закон за измени и дополнувања на законот за акцизите („Службен весник на РСМ“ бр.209/23)

Придонеси од задолжително социјално осигурување

Вид на придонес

Стапки


Придонес за пензиско и инвалидско осигурување

18,8%


Придонес за здравствено осигурување

7,5%


Дополнителен придонес за задолжително здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување

0,5%


Придонес за осигурување во случај на невработеност

1,2%


Најниска основица за пресметување и плаќање на придонесите

- 50% од просечна плата по работник во државата објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика
просечната плата по работник во државата објавена во јануари во тековната година според податоците на Државниот завод за статистика за самовработено лице кое врши професионална и друга интелектуална услуга


Највисока месечна основица за пресметување и плаќање на придонесите

- шеснаесет просечни плати за примањата од работен однос
- дванаесет просечни плати за самовработено лице


Текст на закон

Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување-неофицијален пречистен текст

Други закони од областа на даноците

Закон за административни такси

Закон за комуналните такси

Закон за регистрирање на готовински плаќања

Закон за даночна постапка