„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Асоцијација за управување со посебните текови на отпадот

Асоцијацијата за управување со посебните текови на отпад како посебна форма на организирање и работење во рамките на Комората ја формираа стопанските субјекти кои поседуваат лиценца за колективно или самостојно  постапување со посебни текови на отпад од пакување, од батерии и акумулатори и од електричен и електроснки отпад, а се очекува бројот на членките да се зголеми и со пристапување на  останати заинтересирани стопански субјекти,  како и со субјектите кои се занимаваат со постапување со отпадот од возила, од гуми, текстил и отпад од масла.

Основачи на Асоцијацијата се колективните постапувачи со посебните текови на отпад: Пакомак, Ел-Колект, Еуро-Екопак, Нула Отпад, Екон-електрон, ОБА и Цементара Усје.

Основните цели на формирањето на Асоцијацијата е да ги координира учесниците, односно да се постави како спрега помеѓу бизнис секторот, институциите и граѓаните во системот  на управување со овие текови на отпадот со најниски трошоци за индустријата а најголем еколошки бенефит за граѓаните.

Приоритетните активности ќе бидат во насока на афирмирање на колективните и самостојни постапувачи со посебните текови на отпадот и создавање поволна законска рамка за дејноста, намалување на субјектите кои не се вклучени во соодветен систам за управување со овие видови отпад, решавање на отворените прашања со општините и комуналните претпријатија, прашањето со неформалните собирачи на отпад и други.

За претседател на Асоцијацијата во наредниот три годишен мандат е избран д-р Филип Ивановски, управител на Пакомак Скопје а за негов заменик Фана Христовска, управител на Елколект Скопје.

ПОЛИТИКА НА АСОЦИЈАЦИЈАТА ЗА УПРАВУВАЊЕ
СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАДОТ

Мисија
Мисија на Асоцијацијата е поддршка на компаниите кои се занимаваат со управување со посебните текови на отпадот со цел исполнување на Националните Цели согласно националата регулатива и оптимизација на нивната работа со посебен акцент на ефективно собирање, размена и споредување на информации од сите членки.

Визија
Асоцијацијата е посебен центар за изнаоѓање на еколошк, ефективни и иновативно-технолошки начини за да се обезбеди исполнување на обврските и одговорностите на сите чинители преку колективните или самостојните системи за остваруваење на Националните цели за  посебните текови на отпад.

Принципи
- Асоцијацијата се стреми сите нејзини членки во својата работа да се придржуваат кон исполнување на следниве клучни принципи кои се важни за ефективно и ефикасно управување со отпадот:
- Дефинирање на надоместокот кој производителите ќе го плаќаат согласно економските движења и потребите  на пазарот
- Услугите да се обезбедат преку конкурентно делување
- Услугите за управување со отпадот треба да се придржуваат до високи стандарди за заштита на животната средина
- Настојува да се промовира јавна свест кај граѓаните за селекција на посебните текови отпад преку заеднички прокети за кои ќе биде одобрен буџет за финансирање

⮞ Филип Ивановски,  Претседател, ПАКОМАК, Скопје

⮞ Фана Христовска,  Заменик претседател ЕЛКОЛЕКТ, Скопје

ПЛАН ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАДОТ
(2017 – 2020)

1. Акти на Асоцијацијата
Изготвување на Кодекс на однесување/работа на членките во Асоцијацијата како и други акти неопходни за делување на истата.

2. Законска рамка
Поведување на иницијативи и учество во изготвување на законски решенија од областа на управување со отпадот и на посебните текови на отпадот се со цел истите да бидат применливи во пракса.

3. Национални цели
Размена на информации помеѓу членките и учество во дефинирањето на националните цели за собирање на отпад и поттикнување соработка помеѓу членките во Асоцијацијата со цел исполнување на пропишаните национални цели.

4. Имплементација на законодавството
Следење на имплементацијата на законодавството и преземање чекори за подобрување на истата. Зголемена соработка со сите засегнати страни со цел намалување на „free riders“ – производители надвор од системите за посебни текови на отпадот и со тоа на нелојалната конкуренција помеѓу производителите. Соработка помеѓу членките на Асоцијацијата како и со други Асоцијации, здруженија, ЈКП, надлежни органи како на локално така и на национално ниво со цел подобрено спроведување на законодавството за посебните текови  на отпадот.

5. Реупотреба, преработка, рециклирање
Редовна комуникација, размена на информации и тесна соработка со Асоцијацијата за секундарни суровини и нејзините членки се со цел подобрено известување за крајната дестинација на отпадот и изнаоѓање начини за зголемена реупотреба, преработка и рециклирање на отпадот.

6. Јавна свест
Преземање активности за подигнување на свеста на граѓаните за примарна селекција на отпадот и негово исфрлање на соодветни места. 

7. Семинари, конференции, работилници
Организација и/или учество во семинари/ конференции/работилници со цел следење на светските трендови во управувањето со посебните текови на отпадот, циркуларната економија, исполнување на националните цели и минимизација на количеството отпад кое завршува на депониите.


Контакт лице: Даниела Михајловска Василевска
Проектен менаџер во Стручната служба

Телефон: +389 (02) 3244021
Мобилен: 072 220 037
Е-адреса: daniela@mchamber.mk