„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Асоцијацијата на генерички производители на лекови е посебна форма на организирање и работење во рамки на Стопанската комора на Македонија, преку којa компаниите од фармацевтската дејност – генерички производители на лекови, самостојно одлучуваат и вршат работи и задачи од интерес за дејноста.
Во Асоцијацијата членуваат реномирани компании од фармацевтската дејност – производители на генерички лекови. Со експертизата и искуството кое го поседуваат на домашен и на меѓународен план, се залагаат за имплементацијата на европските правила и стандарди во работењето и превземаат активности за унапредување на фармацевтската дејност, се` со цел за остварување на ефикасен и достапен систем на здравствена заштита.
Претседател на Асоцијацијата:
- Владимир Индов, АЛКАЛОИД АД – Скопје
Заменици претседатели:
- Наташа Попоска, ЛЕК СКОПЈЕ ДООЕЛ - Скопје
- Славица Тодоровска, ХЕМОФАРМ АД Претставништво Скопје – Скопје