„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Групација на осигурувањето

Клучната улога и функција на Групацијата на осигурувањето е да ги обедини ставовите и мислењата на осигурителните друштва, со цел активно присуство и партиципирање во актуелните прашања или проблеми, од сите аспекти кои директно или индиректно имаат влијание на осигурителната дејност или би можеле на каков и да било начин да влијаат на работата на осигурителните друштва и клиентите.

Почитувајќи ги Правилата за организацијата и начинот на работа, Групацијата има Управен одбор како орган на управување. Претседателот на Управниот одбор е и претседател на Групацијата. Групацијата има заменик-претседател, кој, по овластување на претседателот, раководи со состаноците на Управниот
одбор.

Претседател  на Групацијата на осигурувањето во е Ѓорѓе Војновиќ од „Триглав осигурување“ АД - Скопје, а заменик-претседател е Елена Наумова од „Евроинс осигурување“ АД - Скопје. 

Во работата на Групацијата се вклучени и најголемиот број на осигурителни друштва од сегментот на животно и неживотно осигурување.


ПОДАТОЦИ ЗА ДЕЈНОСТА

Пазарот на осигурување во првата половина од 2020 година

Во првата половина од 2020 година остварена е бруто полисираната премија (БПП) во вкупен износ од 5,15 милијарди денари, што претставува пад на приходите од 2,01% во однос на истиот период од минатата година.

Кај неживотното осигурување во првото полугодие од 2020 година бруто полисираната премија (БПП) изнесува 4,32 милијарди денари или пад од 1,95%, додека кај животното осигурување остварена е БПП од  0,83 милијарди денари што претставува намалување од 2,36%.

Друштвата за осигурување во првите два квартала од 2020 година исплатиле бруто - износ на штети од 1,82 милијарди денари. Во споредба со истиот период од минатата година бруто исплатените штети бележат пад од 6,85%.

Кај неживотното осигурување во 2019 година бруто исплатените штети изнесуваат 1,62 милијарди денари или пад од 9,34%, додека кај животното осигурување бруто - износ на штети од  0,20 милијарди денари што претставува зголемување од 20,05%.

Во првата половина од 2020 година остварена е бруто полисираната премија (БПП) во вкупен износ од 5,15 милијарди денари, што претставува пад на приходите од 2,01% во однос на истиот период од минатата година.

Кај неживотното осигурување во првото полугодие од 2020 година бруто полисираната премија (БПП) изнесува 4,32 милијарди денари или пад од 1,95%, додека кај животното осигурување остварена е БПП од  0,83 милијарди денари што претставува намалување од 2,36%.

Друштвата за осигурување во првите два квартала од 2020 година исплатиле бруто - износ на штети од 1,82 милијарди денари. Во споредба со истиот период од минатата година бруто исплатените штети бележат пад од 6,85%.

Кај неживотното осигурување во 2019 година бруто исплатените штети изнесуваат 1,62 милијарди денари или пад од 9,34%, додека кај животното осигурување бруто - износ на штети од  0,20 милијарди денари што претставува зголемување од 20,05%.

Вкупната актива на осигурителниот сектор на 30.6.2020 година изнесува 26,4 милијарди денари.

Осигурителниот сектор го сочинуваат 16 друштва за осигурување, од кои 11 вршат работи на неживотно осигурување, а пет вршат работи на осигурување на живот.

ПАЗАРОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО 2019 ГОДИНА

Во 2019 година остварена е бруто полисираната премија (БПП), во вкупен износ од 10,58 милијарди денари, што претставува пораст на приходите од 6,61% во однос на претходната година.

Кај неживотното осигурување во 2019 година БПП изнесува 8,75 милијарди денари или раст од 5,99%, додека кај животното осигурување остварена е БПП од  1,83 милијарди денари што претставува зголемување од 9,64%.

Друштвата за осигурување во 2019 година исплатиле бруто - износ на штети од 4,03 милијарди денари. Во споредба со 2018 година бруто исплатените штети бележат пораст од 2,87%.

Кај неживотното осигурување во 2019 година бруто исплатените штети изнесуваат 3,68 милијарди денари или раст од 2,66%, додека кај животното осигурување бруто - износ на штети од  0,35 милијарди денари што претставува зголемување од 5,12%.

2018 - НАЈУСПЕШНА ГОДИНА ЗА ОСИГУРИТЕЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕКАДА
2018 година претставува најуспешна година за осигурителната индустрија во нашата земја во последнaта декада. Осигурителниот сектор забележа раст во однос на сите сегменти на неговото функционирање: бруто полисираната премија (БПП), број на продадени договори за осигурување, поголема исплата на штети, пораст на капиталот, пораст на активата и на финансиските вложувања како дел од активата, како и поголема профитабилност на друштвата за осигурување.  (Повеќе)

Стопанската комора на Македонија на 15 мај 2020 година, користејќи ја најновата опрема за видео-конференциски врски, организираше вебинар на тема: „Влијанието на Ковид-19 врз осигурителната индустрија, тековни трендови и изгледи за иднината“.
Во услови на активни мерки за борбата против пандемијата и со отежнати услови на нормално функционирање и работење, целта на еден ваков значаен семинар со учество на еминентни странски говорници е запознавање на субјектите со моменталните последици и идните предизвици од влијанието на Ковид-19 врз осигурителниот сектор. 

Ѓорѓе Војновиќ, Претседател на Групацијата на осигурување при Стопанската комора на Македонија - СО МЕРКИТЕ НА АСО, ПОГОЛЕМА ФЛЕКСИБИЛНОСТ И ОЛЕСНУВАЊЕ ВО РАБОТАТА НА ОСИГУРИТЕЛНАТА ИНДУСТРИЈА
Групацијата на осигурување при Стопанската комора на Македонија ги поздравува мерките што беа донесени од страна на Советот на експерти при Агенцијата за супервизија на осигурување. Пакетот мерки, донесени на 15.4.2020 година од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување, претставува навремен и соодветен одговор од страна на регулаторот со цел ублажување на зголемените ризици во работењето на осигурителните компании, кои произлегуваат од условите предизвикани од пандемијата КОВИД-19 

 

 


ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА И ИНОВАЦИИТЕ - ДВИЖЕЧКИ ФАКТОРИ ЗА ИДНИОТ РАЗВОЈ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Дигитализацијата претставува четврта индустриска револуција која брзо ги трансформира општествата и економиите. Брзината и обемот на промените се веројатно без преседан.  (Повеќе)

Прес-конфренеција - 2018 - НАЈУСПЕШНА ГОДИНА ЗА ОСИГУРИТЕЛНАТА ИНДУСТРИЈА ВО ПОСЛЕДНАТА ДЕКАДА, ДИГИТАЛИЗАЦИЈАТА И РАЗВОЈОТ НА НОВИ И ИНОВАТИВНИ ПРОДУКТИ НАЈВАЖНИ ПРЕДИЗВИЦИ ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД
- Минатата 2018 година претставува најуспешна година за осигурителната индустрија во нашата земја во последнaта декада. Осигурителниот сектор забележа раст во однос на сите сегменти на неговото функционирање: бруто полисираната премија (БПП), број на продадени договори за осигурување, поголема исплата на штети, пораст на капиталот, пораст на активата и на финансиските вложувања како дел од активата, како и поголема профитабилност на друштвата за осигурување.  (Повеќе)

 


Контакт лице: м-р Антонета Манова Ставреска
Проектен менаџер

Телефон: + 389 2 3244060
Е-адреса: antoneta@mchamber.mk