„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Регионална комора со седиште во Битола

 

 

Регионалната комора со седиште во Битола се организира за членовите на Комората од општините: Битола, Ресен, Демир Хисар, Новаци, Могила.


Регионалната Комора Битола е наследничка на околиската Трговско-Индустриска комора за Битола од 1963 година. Од 1963 до 1998 година работи како територијален одбор на Стопанска Комора на Македонија. Од 1998 година во склоп на Стопанската Комора на Македонија формирана е Регионалната Комора со седиште во Битола која го покрива стопанството на општините Битола, Ресен и Демир Хисар.

Претседател на Регионалната комора со седиште во Битола е Мирко Велковски од „Хемометал“ - Битола.

Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од овој регион. Регионалната комора во Битола е задолжена за следниве активности:

- издавање на сертификати за потекло на стоката Certificate of Origin и Сертификат за преференцијален третман Form A;
- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
- да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
- да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- во соработка со општина Битола реализација на конкретните активности согласно целите на Проектот Регионален Инфо-пулт  за поддршка на бизнисот во општина Битола, со цел зајакнување на малите и средни претпријатија, согласно целите на проектот;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на условите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
- да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.

⮞ Мирко Велковски,  Претседател, ХЕМОМЕТАЛ, Битола

⮞ Драги Милошевски,  Заменик претседател, КИРО Д. ДАНДАРО, Битола

⮞ Олгица Стојчевска,  Заменик претседател, СВИССЛИОН-АГРОПЛОД, Ресен

⮞ Александар Марковски,  Јавно претпријатие за стопанисување со Индустриска зона ЖАБЕНИ Битола, Битола

⮞ Благој Крстевски,  ДПН Градски Паркинзи, Битола

⮞ Борис Таневски,  МАК-СТРОЈ ИНЖЕНЕРИНГ, Битола

⮞ Борче Стојановски,  Друштво за геодетски работи, трговија и услуги ГЕО БАЛКАН, Битола

⮞ Вангелица Мажевска,  ЖЕЛЕЗНИК ЧЕЛИЧЕН ЛИВ И ГРАНУЛАТ, Демир Хисар

⮞ Вецко Котевски,  КАРАЧИ, Демир Хисар

⮞ Владо Јовановски,  Б & К МАРКЕТ, Битола

⮞ Димитар Георгиевски,  РЕМОНДИС МЕДИСОН, Битола

⮞ Драган Апостоловски,  АПОСТОЛЛАДА, Битола

⮞ Драган Дамјановски,  ФОНДАЦИЈА ЗА РАЗВОЈ НА МСП, Битола

⮞ Драган Илиевски,  МЛЕКАРА АД БИТОЛА, Битола

⮞ Иванчо Вељановски,  ФАБРИКА ЗА КВАСЕЦ И АЛКОХОЛ, Битола

⮞ Јанче Јанчевски,  ЈА-СА ДООЕЛ Хотел Премиер Битола, Битола

⮞ Јованчо Рајчановски,  ХАТЕКС, Ресен

⮞ Марија Секуловска - Митревска,  БАГА-ФУД, Битола

⮞ Методија Тасевски,  ФОД, Битола

⮞ М-р Васко Ковачевски,  ЕСМ РЕК БИТОЛА, Битола

⮞ М-р Наташа Несторовска,  СТОПАНСКА БАНКА АД БИТОЛА, 1000 Скопје

⮞ Пеце Милевски,  ВОДОВОД БИТОЛА, Битола

⮞ Раде Христовски,  КАНДИ МАРКЕТ, Битола

⮞ Ратко Христов,  СОКОТАБ ДООЕЛ, Битола

⮞ Ромео Бошевски,  РЕГИОНАЛНА ЗАНАЕТЧИСКА КОМОРА Битола, Битола

⮞ Томе Давков,  ПЕЛАГОНИЈА ЗК, Битола

⮞ Томе Тромбев,  МОНТИНГ ИНЖЕНЕРИНГ, Битола

ОПШТИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Регионот на Битола опфаќа 5(пет) општини со вкупно население од околу 140.000 жители. Се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија и се граничи со градовите Прилеп, Охрид и Кичево, на југ со Република Грција а на југозапад со Република Албанија.
 
Површина:   2829 km?
Население: 141 232, Компании: околу 5 000 

Битола е втор по големина град во Република Македонија со околу 86.000 жители. Распространет  на површина од 1716 км2, се наога на надморска височина од 630 м воподнижјето на Баба планина ,со врвот Пелистер .

ИСТОРИЈА

Географската положба на Балканскиот Полуостров секогаш на Битола и овозможуваше да биде значајна економска,културна и образовна крстосница низ сите периоди од нејзината богата историја,почнувајќи од Хералеа Линкестис(антички град кој се наоѓал на патот Виа Игнација а кој потекнува од 4 век п.н.е) средновековниот период на цркви и манастири, па се до конзулскиот период кон крајот на 19 век и првата половина на 20 век,кога се отворени конзулати на 9 европски земји.Во тој период Битола бележи голем културен и економски развој,но за жал поставувањето на државната граница по балканските војни ,го запира растот на градот на сите полиња.

ОБРАЗОВАНИЕ И КУЛТУРА

Денес Битола е Универзитетски град со со повеќе од 10 факултети, 3 научно истражувачки институции и 2 институти -членки на Универзитетот. Во градот постои реномиран театар. Секоја година се одржуваат по неколку културни манифестации од меѓународен карактер, како што се фолклорниот фестивал Илинденски денови, фестивалот на филмската камера-Браќа Манаки, фестивалот на аматерски документарен филм Камера 300, Хераклејски вечери, како и светски познатата ликовна колонија Мал Битолски Монмартр и културното лето БитФест.

КОМУНИКАЦИИ

Патна мрежа:  регионот на Битола се наоѓа на меѓународниот пат К-10 со кракот М-5 (од Градско до границата со Р.Грција) споен на запад со К-8 преку Е-65 до Охрид.
 
Железнички сообраќај: Битола преку железничката линија е повзана со Скопје на север и Солун, Р. Грција на југ.

Аеродроми: најблискиот аеродром во регионот е аеродромот во Охрид на 70км, аеродромот во Скопје на 160 км и Солун, Р. Грција 190 км.
Пристаништа: од регионот на Битола , најблиското пристаниште е пристаништето во Солун на оддалеченост од 180 км ,а до кое се стигнува по железнички и патен сообраќај, потоа пристаништето во Игуменица, Р. Грција преку автопатот Виа Игнација , и пристаништето во Драч, Р. Албанија.

КЛИМА

Во регионот на Битола преовладува континентална клима ,со прилично долги зими и топли лета.

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА

ПРИРОДНИ РЕСУРСИ :Од природните ресурси во туризмот најзначајни се Преспанското езеро,националните паркови Пелистер и Галичица,кои се погодни за зимски и летен туризам.

Од рудните богатстава во регионот се застапени јаглен и нематали и железна руда.

Од земјоделието и овоштарството застапени се производството на житни култури,шеќерна репа,тутун,јаболка,грозје,домати,пиперки.Понатаму приозводство на месо, млеко,вино,минерална вода газирана и негазирана и др.Во земјоделието 20.000 ха се под системот за наводнување Стрежево,што обезбедува високи приноси.

Регионот на Битола, претставува втор по големина стопански центар во Р.Македонија. Се наоѓа во област на интензивно развиено земјоделство,сточарство,овоштарство и претставува значаен земјоделско -индустриски центар од регионот на Битола учествува со 11% во вкупната економија на Република Македонија.

Вкупно учество во БДП на Република Македонија

Во битолскиот регион во етаблирани се околу 5000 деловни субјекти од коишто најголем број од нив се микро, мали и средни, мерено според бројот на вработени. Бројот на активни претпријатија по градови е следен: Битола – 3.957 (6,45% од вкупниот број во Македонија), Ресен – 485 (0,8%), Демир Хисар – 254 (0,5%).

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА: Активни деловни субјекти (2013)

 
Вкупно
микро
мали
средни
големи
Битола
3 841
2 705
1 085
28
23
Демир Хисар
233
160 
68 
-
Могила
165 
131
34
-
-
Новаци
86
69
16
1
-
Ресен
459 
300 
156 
2
1

Поделбата по сектори е следната:

Примарен сектор:
- Производство на Ел. Енергија (80% од вкупното производство во РМ), (ЕЛЕМ РЕК Битола)
- Рударство – Јаглен (Lignite) (ЕЛЕМ РЕК Битола)
- Земјоделие: пченица - во Битола и Новаци (ЗК Пелагонија)
- јаболка - во Преспа и Ресен (Свислион Аграр)
- тутун - во Могила (Сокотаб)
- Одгледување на добиток и производство и преработка на млеко (ЗК Пелагонија, ИМБ Млекара Битола - БиМилк, Идеал Шипка, Компани Ж. Радевски и други.)

Секундарен сектор:
- Текстил (Родон, Саитис, Трикотажа Пелистер, Фалко),
- Градежништво (ГП Пелистер, Мак Строј, Стентон Градба) ,
- Металопреработувачка (ФОД Новаци, Монтинг Инженеринг, МЗТ Инженеринг, Кобил)
- Графичка индустрија и печатење (Киро Дандаро, Фустеларко Борец, АНС Печатница, БизАрт и други.),
- Прехрамбена индустрија (Квасара, Свислион Агроплод, Еврокекс, Мигрос, Цермат, Пивара АД Битола, Жито Битола, Апостолада)
- Минерална вода (Пелистерка АД, Суна, Макминерал)
- Трговија (голем број на МСП)

Терцијален сектор:
- Угостителство и туризам (АДУТТ Македонија, Хотел Капри, Хотел Милениум, голем број на туристички агенции)
- Банкарство (Стопанска Банка АД Битола, експозитури на сите банки во републиката)
- Транспорт и шпедиција (Фершпед, Макошпед, Игоимпекс, Генекс, Милениум Селтик, ГТ Шпед и други.),
- IT сектор (Интерворкс, Вебион, Нова Солутионс и многу други.)

ЛОКАЛНА ЕКОНОМИЈА: околу 5000 компании

СОСТОЈБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Пелагонискиот плански регион во кој и припаѓа битолскиот регион има значаен удел во создавањето поволна деловна клима прдонесувајќи за зголемување на домашните и странските инвестиции и зголемувањето на конкурентноста на целокупната економија преку поттикнување на претприемништвото и иновативноста, како и унапредување на туризмот и промоција на природните и културните вредности.

Најповолни услови за развој на регионалната економија нуди секторот земјоделство, којшто се карактеризира со силна специјализација на производството во три главни групи на култури: житарици (пченица, јачмен, пченка, шеќерна репа, сончоглед) за кои идеално одговара Битолскиот дел од Пелагонија, потоа, тутунот застапен во Прилепскиот дел од Пелагонија, а оној од типот Вирџинија – доминантен на подрачјето на општина Могила, како и овоштарството (јаболка) најмногу присутни во Ресенскиот дел. Секоја година овоштарството во Пелагонискиот регион бележи значителен пораст, посебно во делот на вишните, кајсиите, сливите, праските, оревите и најмногу, јаболката. Мошне голема поволност за овој регион е ниската фрагментираност на земјоделските површини (најмала на ниво на плански региони). 1/5 од површината обработуваат земјоделските претпријатија. Тоа овозможува повисока интензивност на производството.

Носители на економскиот развој во регионот се микро и малите претпријатија (93% од вкупниот број деловни субјекти), чие учество во вкупното производство е 55%, а креираат 60% од вкупниот број работни места. Сконцентрирани најмногу во услужниот сектор (80%), се карактеризираат со исклучително динамичен раст на производството од 48% во периодот 2003-2006 година, кога нивниот број пораснал за 24%, а нивната продуктивност за 8%. Трговијата е секторот кој се одликува со највисока концентреација на мали и средни претпријатија, и којшто забележува стандарден тренд на зголемување на нејзиниот обем, посебно трговијата на мало, мерен преку остварениот промет.
Инвестициските можности во Пелагонискиот регион се мошне поволни, како и на целата територија на Македонија, а посебно во секторите агробизнис и преработка на храна, информатичка технологија, градежништво, облека и текстил, тутун и цигари, туризам, недвижности.

Индустриската зона „Жабени“ е долгорочна инвестиција што се гради по фази со тоа што продажбата на завршените локации ќе генерира средства за продолжување на работите и целосно имплементирање на проектот. Предвидено е во првите 10 години да се реализираат 60% од зоната, а целосно да се заврши за 20 години. Ќе бидат понудени попусти на комуналните давачки на сите инвеститори кои ќе вработат поголем број луѓе. Предност за локацијата на оваа зона е железничката линија кон Лерин, која поминува по границата и може да се трансформира во истоварен колосек. Веќе е остварена првата инвестиција а тоа е германската компанија од автомобилската индустрија за делови Кромберг и Шуберт која има вработено околу 2000 лица.

РЕГИОНАЛНА И МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Во контекст на унапредувањето на соработката меѓу бизнис-заедницата и локалната самоуправа, Регионалната комора со седиште во Битола превзела низа актиности за соработка преку директно вклучување на своите членки во Локалниот економски совет на Општина Битола.

Исто така треба да се истакне и директната соработка со Центарот за развој на пелагонискиот плански регион како организација која е задолжена од општините во планскиот регион за реализација на развојните цели со кого е потпишан меморандум за соработка.

Во склоп на активностите за локално организирање и соработка е и новиот проект на ЦРППР, Интегрирана мрежа за регионален развој во пелагонискиот регион (ИМРР) која претставува платформа што ќе ги вклучи јавниот, приватниот и невладиниот сектор во формално тело воспоставено согласно Законот за меѓу-општинска соработка. Во оваа иницјатива која дефакто ќе претставува регионален економски совет се вклучени сите општини од пелагонискиот регион, т.е. ЛЕР секторите на истите, трговските друштва/економски оператори, регионалните комори од Битола и Прилеп, занаетчиските комори, НВО секторот како и универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.

Развивањето на прекуграничната соработка претставува една од целите на политиката за регионален развој и стратегиска определба на Регионалната комора со седиште во Битола. Во таа насока остварена е соработка со повеќе комори од соседните држави и пошироко и тоа: соработката со коморите Пожаревац Србија,  и Корча и Драч Р.Албанија , Епинал Р.Франција ,Чернигов Украина и Бања Лука БиХ, Кожани, Пела и Лерин, Р. Грција со кои се потпишани спогодби за соработка.


Контакт лице: м-р Никола Димковски

Телефон: + 389 47 225088,
Е-адреса: regiobt@mchamber.mk