„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
За Регионалната Комора со седиште во Штип:
Со децентрализацијата на коморските активности со цел обезбедување поефикасни и побрзи услуги за компаниите од одделните региони во Република Македонија, започна со работа Регионалната канцеларија со седиште во Штип.
Претседател на Регионалната комора со седиште во Штип е Наум Барзов од "Баргала" - Штип.
Голем број од услугите кои ги нуди Стопанската комора на Македонија сега им се достапни на компаниите од овој регион. Регионалната комора во Штип е задолжена за следниве активности:
- издавање на сертификати за потекло на стоката Certificate of Origin и Сертификат за преференцијален третман Form A;
- да организира и подготвува различни облици на обуки (семинари, работилници и сл.) за потребите на членките на Комората и други заинтересирани субјекти;
- да ги информира членките и другите фирми за обуките кои ќе се одржат во организација на Стопанската комора на Македонија;
- да ги следи актуелните состојби на работење и потреби на членките на Комората и другите субјекти, со цел за предлагање на обуки на актуeлни теми;
- во соработка со општина Штип реализација на конкретните активности согласно целите на Проектот Регионален Инфо-пулт за поддршка на бизнисот во општина Штип, со цел зајакнување на малите и средни претпријатија, согласно целите на проектот;
- да подготвува информации, анализи, предлози на акти и други документи од интерес за стопанството од регионот за кој е организирана Регионалната комора;
- да ги следи тековните стопански движења и условите на стопанисувањето, обработува информациони податоци и предлага мерки за подобрување на у словите за стопанисување за регионот;
- да дава предлози за покренување иницијативи за донесување или изменување на законски и други прописи од интерес за стопанството од регионот;
- да остварува редовни контакти со фирмите од регионот, особоено во функција на давање соодветна стручна и друга помош;
- го организира или посредува во воспоставувањето контакти меѓу членките на Комората.
⮞ Наум Барзов, Претседател, БАРГАЛА, Штип
⮞ Весна Ангеличкова, Заменик претседател, СТОПАНСКА БАНКА Фил.Штип, Штип
⮞ Весна Миладинова, Заменик претседател, АЛБАТРОС, Штип
ОСНОВНИ ПОДАТОЦИ ЗА ОПШТИНА ШТИП
Општина Штип се наоѓа во централниот источен дел на Република Македонија. Зафаќа просторна површина од 556 км2, односно 3,1 % од површината на Републиката, со 71 населено место. Површината на градот со населбите е 13,5 км2. Општина Штип лежи во средно сливно подрачје на реката Брегалница. Се граничи со седум општини и тоа: Радовиш, Конче, Неготино, Градско, Лозово, Св. Николе и Карбинци, со добра местоположба и патна поврзаност.
СТОПАНСКИ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА ШТИП
Развојот на стопанството во последните неколку години беше под силно влијание на општите услов и за стопанисување во Р Македонија, со силен белег на карактеристиките на транзицијата и со нагласени реформските зафати во сите сфери на општественото живеење: сопственичкатрансформација, афирмација на стоковото производство, приватизација и преструктуирање на претпријатијата.
Влошените услови на стопанисување и неповолните наследени тенденции условија повеќегодишен осетен пад на производството. Транзициските проблеми ги доведоа во незавидна положба некогашните индустриски гиганти (" Македонка", "Астибо") по кои Штип долги години беше препознатлив и со право го носеше епитетот на "Македонски Манчестер".
Штип во процесот на транзиција влезе со значаен и недоволно искористен материјален и кадровски потенцијал поради нефлексибилна стопанска структура, несоодветна организираност и изострени услови на стопанисување. Недоволната искористеност на капацитетите и расположивите ресурси резултираше со забавување на развојот, стагнација и заостанување.
Како последица на сопственичкото и производствено преструктуирање на постојните претпријатија, а особено новорегистрираните фирми, зголемен е бројот на претпријатија во сите дејности. Вкупниот број на регистрирани деловни субјекти во стопанството во периодот од 1995 изнесува 1.357, со вкупно 10.804 вработени. Најголем дел од новоформираните стопански субјекти се мали фирми, кои лесно се трансформираат. Носител на развојот се уште е текстилната индустрија, со преку 70 приватни конфекции. Застапена е и текстилно-кожарската индустрија "Баргала", како и повеќе градежни фирми. Во Општината делуваат и повеќе агроиндустриски претпријатија, сточарски фарми, кланица со ладилник, дестилерија и др.
Процесот на преструктуирање овозможи и порационално користење на просторот и лоцирање на новоформираните фирми врз пазарни основи на слободен простор во рамките на постојните локации на други стопански субјекти.
Во услови на опаѓање на стопанската и инвестиционата активност и престру ктуирање на стопанските субјекти, вработеноста во Општината покажува осетно намалување. Прилагодување на реформските промени, со цел да се постигне поголема продуктивност и реализира определбата за попродуктивно работење и воведување нови технолошки решенија, услови отпуштање на вишокот на вработените.
ЕКОНОМСКИ СЕКТОРИ
ТЕКСТИЛНА ИНДУСТРИЈА
Основен белег на стопанството во Штип е текстилот кој по скоро сите економски показатели учествува со 70% во вкупните остварувања на индустријата во Општината. Развојот и афирмацијата на текстилот го презедоа над 70 конфекциски куќи од приватниот сектор, кои се организирани од стручниот кадар од претходно големите текстилни фабрики како што беа ТК „Македонка" и МК „Астибо". Истите станаа нови носители на вработувањето и нови носители на деловни односи со странските партнери. На поголем дел од нив основна дејност е лон работа, т.е продажба само на работна рака, без поголема додадена вредност на текстилните производи. Вкупниот број на вработени во оваа индустрија е околу 6,000.
ГРАДЕЖНИШТВО
Во областа на градежништвото во Општините е извршена трансформација и од некогашните големи градежни општествени фирми носители на градежништвото останаа да егзистираат:
- АД Пелагонија-Штип
- Градител
- Актива а има регистрирано и повеќе мали фирми.
На индиректен начин, доста други пратечки дејности обезбедуваат работа за населението, и пред се од областа на градежно-занаетчиските услуги, кои ја пратат оваа основна индустрија во регионот.
КОЖАРСКА ИНДУСТРИЈА
Во кожарското индустриското производство во Штип лидер е фабриката за чевли „Баргала", која навреме ги помина транзициските процеси и приватизацијата.
Во Баргала има 1250 вработени, што претставува приближно 8% од вкупно вработените во општина Штип. 80 % од производството се извезува, додека 20 % е домашен пазар. Трудоинтензивноста (лон работа) е карактеристика и на оваа индустриска гранка. Вкупните годишни приходи на Баргала се приближно 3 мил. Евра. Инвестициските вложувања во последните три години приближно изнесуваат 19 мил, МКД (прибл. 2 мил, Евра).
ПРЕХРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА
Прехранбената индустрија е исто така една од позначајните во општина Штип. Поважни капацитети се фабриката за бонбони и гуми за џвакање „Европа", фабриката за масло со висок квалитет „Витаминка", Пекара Макпромет, како и неколкуте винарски визби: Езимит Вино, Имако.
Во последните неколку години со отпочнување на процесот на приватизација во Општината регистрирани се над 2000 фирми од кои поголем број се од сверата на на трговијата. Големите општествени фирми од областа на трговија и услуги се трансформираа.
ДРВНА ИНДУСТРИЈА
Дрвната индустрија во регионот на двете општини е во подем, а особено во општина Штип, и во принцип е индустрија која нуди можност за самовработување. Тоа е веднаш видливо од структурата на бизнисите во индустријата. Водечки во индустријата се фирмите Мебел Инжинеринг и Пеком Инжинеринг кои вкупно имаат 61 вработен, како и групата на помалите бизниси: Мак-мебел, Радо Дизајн, Дрво дизајн, Арадан С.А., Бреза, Елан Трејд кои вкупно вработуваат околу 50 вработени. Постојат уште стотина микро бизниси кои во принцип нудат самовработување, и најчесто имаат еден до два вработени. Вкупниот број на вработени во оваа дејност е приближно 250 до 300.
ИНДУСТРИЈА НА ХАРТИЈА И ПЕЧАТАРСТВО
Печатарската дејност е застапена со компанијата Печатница Илинден 2002.
ЗЕМЈОДЕЛСТВО
Засеана површина (ха) 2008год. на просторите на општина Штип.